Усик подготвува неочекувано изненадување за Фјури

Светскиот шампион во тешка категорија Aлександaр Усик (22-0, 14 КО) откри какви изненадувања подготвува за Тајсон Фјури (34-1-1, 24 КО).

На 21 декември во Ријад (Саудиска Арабија) Џипси Кинг ќе се обиде да се реваншира за поразот во мај, кога Украинецот стана апсолутен шампион во тешка категорија.

Во интервју за Рејди ту фајт шампионот објасни како планира да го изненади Фјури во реваншот: „Дали подготвувам нешто неочекувано за Фјури? Му подготвуваме бонбони, колачи, се за нашиот пријател. Ќе го почестиме со вкусни колачи и вкусни прегратки“, се пошегува Усик.

Дали е загрижен дека борбата може да се одложи поради Фјури? „Не, затоа што веќе ја имаме топката. Јас имам договор, тој има договор – оваа борба треба да ја водиме до 31 декември. Многу ми се допаѓа што се подготвуваме за 21 декември. Добар датум, добар месец. Ако не боксира на 21 декември, ќе изгуби дивиденда и пари. И ќе го загуби машкиот збор“, додаде Усик.

Шампионот вети дека ќе се подготви уште подобро за реваншот „за да ја видиме најдобрата верзија на Александар Усик“.

Тој исто така призна дека научил многу за Фјури од нивната борба. „Многу работи што ги видов во борбата не можат да се видат на телевизија“, додаде Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON