Неоспорниот крал на лесно-тешка категорија Александар Усик (16-0, 12 КО) се подготвува за поминување во тешка категорија.
32-годишниот Украинец се очекува да го направи првиот меч во тешка категорија во средината на мај. Како противник прво се споменуваше Александар Поветкин, но Усик во следната борба нема да се бори со поранешниот шампион на ВБА. Како најверојатен противник се споменува Карлос Такам.
Усик објави кратко видео во кое ги прикажува подготовките за дебито во тешка категорија.
https://www.facebook.com/Alexanderusyk/videos/2352329981653271/
.