Усик на украинскиот претседател му го подари појасот на ВБЦ: Го зедов од мојот дебел пријател (ВИДЕО)

Светскиот боксерски шампион Александар Усик се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев и му го врачи шампионскиот појас на ВБЦ во тешка категорија.

„Тоа е појас што го земав од мојот дебел пријател во Лондон. Оригиналниот појас и јас сакам да остане кај вас. Работев долго за да го освојам. Жал ми е што нема фотографија од мојот пријател кој го претепав. Но, затоа мојата фотографија е таму“, изјави Александар Усик.

Зеленски првично се двоумеше да прифати таков престижен подарок и го пофали Усик за величањето на украинската сила. Претседателот, исто така, му се заблагодари за неговиот придонес во подигнувањето на моралот на нацијата во тешки времиња.

Александар Усик во средината на мај го победи Тајсон Фјури со поделена одлука во Ријад и стана апсолутен шампион во тешка категорија.

Украинецот на своите титули ВБА (Супер), ИБФ и ВБО го додаде и шампионскиот појас на ВБЦ, кој дотогаш беше во сопственост на Тајсон Фјури.

Поминаа 25 години откако Ленокс Луис беше последниот што ги обедини појасите на светскиот шампионат во тешка категорија.

Усик и Фјури се договорија за реванш кој ќе се одржи на 21 декември, но на тој меч нема да бидат сите појаси на маса. Имено, Усик пред неколку месеци ја ослободи титулата на ИБФ.

Минатата сабота Даниел Дубоа го победи Ентони Џошуа со нокаут во петтата рунда и го одбрани појасот на ИБФ во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON