Усик: Ми недостига Тајсон Фјури

Хегемонот во тешка категорија и актуелен лидер на П4П, Александар Усик (23-0, 14 КО) оствари две победи по ред над Тајсон Фјури (34-2-1, 24 КО). Големите борби сигурно ќе останат во историјата, а по првата Украинецот стана апсолутен шампион во тешка категорија.

Усик сега призна дека му недостига комуникација со Кралот на Ромите.

„Во моментов не комуницираме. Се надевам дека тоа ќе се промени во иднина“, рече Усик во интервју за Al Arabiya English „Тоа е тажно. Ми недостига овој кул дечко и нашата комуникација. Се боревме 24 рунди, тоа е како засекогаш. Тоа е како да живееме со некого 20 години… Беше многу долго патување за мене и мојот неверојатен пријател Т“.

По два последователни порази од Усик, Фјури реши да ја заврши кариерата и покрај тоа што му беа понудени две неверојатно профитабилни борби со неговиот сонародник Ентони Џошуа. Во следната борба, Усик или ќе го одреди апсолутниот шампион со Даниел Дубоа или ќе направи задолжителна одбрана со Џозеф Паркер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON