Два и пол месеци сме далеку од борбата меѓу Александар Усик и Даниел Дубоа. Двајцата моментално најдобри тешкаши во светот ќе имаат реванш на 19 јули на стадионот Вембли, со очекувани речиси 100.000 гледачи.
Првата борба меѓу Усик и Дубоа беше во летото 2023 година. Борбата се одржа во Вроцлав, Полска, а Усик победи со прекин во деветата рунда. На прекинот му претходеше контроверзна ситуација во петтата рунда. Дубоа зададе удар кој беше на границата на низок. Судијата го прогласи за нелегален удар под појасот, но многумина веруваат дека ударот паднал во стомакот на Усик. Украинецот доби пет минути да се опорави од нелегалниот удар, а додека се појавуваше со Дубоа во емисијата на Пирс Морган, водителот го праша Усик:
„Дали го доби најтешкиот удар во животот од Дубоа“? – праша Морган, а Усик даде интересен одговор.
„Хм, не! Примив удар од коњ. Работев на фарма, се обидов да ги исплашам коњите и тогаш добив удар. Ме клоцна во главата и бев „угасен““, одговори Усик, и ја раскажа целата приказна на свој уникатен и многу хумористичен начин, на големо изненадување на водителот Морган.
Дибоа се вклучи во разговорот. Англискиот тешкаш тврди дека всушност не го удрил Усик со својот најсилен удар.
„Не мислам дека го удирав најдобро. Всушност, последниот пат кога се боревме не ја почувствува мојата сила. Ги избегна моите најсилни удари, но овој пат ќе го победам“,- велеше Дубоа, но Усик го прекинуваше на урнебесен начин.
„Секако, не сум коњ. Коњот удира еднаш, јас удирам „еден-два, еден-два, еден два… ту ту ру ту ту ду…“. Мојот противник ќе се прашува што се случува и ќе ми вика да престанам“.
View this post on Instagram
Потоа водителот Пирс Морган повторно се јави, давајќи му до знаење на Усик дека направил пауза од четири минути по контроверзниот удар на Дубоа. Водителот истакна дека мора да бил многу силен удар, ако морал да прави пауза толку долго.
„Не е вистина дека направив пауза од четири минути, најмногу две. Добив пет минути и реков дека сум подготвен да ја продолжам борбата. Тој не може да ме запре со своите удари, тоа беше валкан удар“, одговори Усик.
Гостувањето на Усик и Дубоа во емисијата на Морган траеше речиси 50 минути, а снимката од целата емисија можете да ја погледнете подолу во овој текст.