Александар Усик се закани дека ќе го победи Тајсон Фјури кога ќе се сретнат за неприкосновената титула во тешка категорија.
Ако Усик се бори со Фјури, како што тоа го правеше со Ентони Џошуа минатиот викенд, тогаш има одлични шанси да победи. ВБЦ шампионот Фјури на социјалните мрежи напиша дека е подготвен да се бори со Усик и Џошуа во иста вечер.
Усик очигледно не е типот со кој Фјури сакаше да се бори. Тој се надеваше дека Џошуа ќе победи за да може да се бори со него во голема борба за пари во Велика Британија. На крајот тоа не се случи, но Тајсон е подготвен за борба со секого.
„Ова е она за што сонувам секој ден. Ќе му го сритам задникот на Тајсон Фјури“, рече Усик.
Тајсон е подготвен да влезе во рингот со Усик и да му ги одземе титулите, но предупреди дека тоа нема да биде евтино.