Усик кажа дали ќе престане да боксира

Боксерската ѕвезда во тешка категорија, Aлександaр Усик (22-0, 14 КО) постигна се што можеше да сонува во спортот. Како аматер стана европски и светски шампион, ја освои и олимписката титула.

Во професионалниот ринг стана апсолутен светски шампион во две тежински категории, повторувајќи го достигнувањето на легендарниот Ивандер Холифилд.

Сепак, Усик нема намера во блиска иднина да ја заврши кариерата. Во интервју за Боксинг кинг медиа тој изјави: „Зошто продолжувам да се натпреварувам? Затоа што ми се допаѓа. Затоа што ова е мојот живот. Слушајте, сè што постигнав – олимписко злато, двократен апсолутен светски шампион – ова не е крај на мојата кариера. Можеби ова е само почеток на мојата боксерска кариера“.

Усик стана апсолутен шампион во мај – ја извлече победата во борбата со Британецот Тајсон Фјури. Големите ѕвезди ќе имаат реванш во декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО