Усик и Гасиев се договорија – ќе се борат на 21 јули во Москва

Финалето на Светскиот боксерскa супер серија меѓу Александар Усик и Мурат Гасиев е еден од најочекуваните дуели оваа година. Бробата е на 21 јули во Москва, Русија.

Требаше да се сретнат во мај, но Усик го повреди лактот за време на тренинзите.

„Повторно се враќам на непријателска територија“, рече Усик и додаде: „Забележав победи во изминатите неколку борби, а сега одам за Москва да остварам уште една“

Мурат Гасиев, исто така, ја коментираше средбата.

„Бев подготвен да се борам против Усик насекаде во светот, а сигурен сум дека ќе направиме атрактивна средба. Победникот ќе добие се“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON