Усик: Го прифативме Белју за да дојдеме до Џошуа

Неспорниот шампион во тешка категорија Алесандар Усик го најави неизбежното подигање во тешка категорија.

Пред тоа, олимпискиот победник од Лондон на 11 ноември во Манчестер ќе ја брани титулата против Тони Белју.

Победата би требало да ја отвори вратата за борба со Ентони Џошуа. Белју и Џошуа се борци на Херн, а и Усик неодамна потпиша договор со неговиот Мечрум бокс со што би требало постигнувањето договор за меч да биде олеснето.

„Една од причините заради која го прифативме Белју е да дојдеме до Џошуа. Затоа и ја имаме оваа соработка со Еди Херн. Тој ги има Ентони, Тони, Дилиен Вајт и уште неколку други тешкаши. Тоа е најдобриот пат, не најкраткиот, за борба со Ентони Џошуа“, изјави Украинецот за Сан.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON