Усик: Еден ден Фјури ќе ме посети во Украина и ќе се потсетиме како двапати го победив

Остануваат уште околу 48 часа до реваншот меѓу Aлександaр Усик (22-0) и Тајсон Фјури (34-1-1) за обединета титула во тешка категорија. Во меѓувреме, двајцата ги даваат последните коментари во пресрет на средбата во Ријад и, како што е традиција, секоја нивна изјава предизвикува сериозен интерес.

Овој пат Украинецот на особено интересен начин го даде своето предвидување, замислувајќи ја иднината.

„Еден ден, кога двајцата ќе бидеме старци, Тајсон ќе ме посети во Украина. Ќе пиеме пиво и тој ќе ми каже – се сеќаваш ли кога ме победи двапати“, прокоментира Усик, пренесе Бокс сцена.

Ова ривалство продолжи да одбележи цела генерација во боксот, но ниту еден момент не дозволија работите да излезат од контрола. Наместо тоа, тие покажуваат почит еден кон друг и покрај заканите за нокаути во рингот.

Нивната гала вечер е закажана за 21 декември во 17:00 часот по македонско време. Главниот настан се очекува не порано од 22:30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО