Усик е заинтересиран само за борби со Фјури и Џошуа

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБА, ВБЦ и ВБО, Александар Усик (22-0) истакна дека можеби ќе има две борби пред да се пензионира.

Тие две борби вклучуваат реванш со поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (34-1) и поранешниот шампион на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Ентони Џошуа (28-3). Овој декември, Усик ќе го има реванш мечот со Фјури во Ријад, Саудиска Арабија.

Во мај Усик веќе забележа една победа над Фјури и стана неприкосновен шампион во тешка категорија. Тој го запиша своето име со големи букви во историјата на боксот и очигледно нема мотивација за подолга кариера. Александар успеа двапати да го победи Џошуа, но сепак е отворен за трилогија.

„Заинтересиран сум за реванш со Тајсон Фјури и евентуално трета борба со Ентони Џошуа. Мислам дека само овие двајца боксери ќе ми бидат интересни. Нека ги стигнат младите и нека работат“, вели Усик во интервју за Видео НВ.

Ако Усик го победи Фјури во декември, тогаш во 2025 година веројатно ќе видиме во трилогија со Џошуа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usyk. The Cat. Oleksandr (@usykaa)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON