Александар Усик ја прогонозираше борбата меѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану една недела пред да се борат во рингот во Ријад.
„100% сум сигурен дека Тајсон Фјури ќе триумфира“, изјави Украинецот на својот канал на Јутјуб.
Слично мислење имаат и повеќето боксерски стручњаци во светот, иако оние кои имаа можност да тренираат со „Предаторот“ се на мислење дека тој е способен со силната десница да го нокаутира „Џипси Кинг“.