Усик – Џошуа 2 нема да се одржи пред средината на април

Александар Усик (19-0) ќе ги брани титулите во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО против Ентони Џошуа (24-2) најрано до средината на април. Ова го изјави менаџерот на Британецот Еди Херн.

Украинецот ќе се соочи со Еј Џеј во реваншот откако во септември му го нанесе вториот пораз во кариерата на поранешниот шампион. Му одржа одлична боксерска лекција, победувајќи го убедливо на поени среде Лондон.

Во оваа фаза се уште се преговара за местото каде ќе се одржи реваншот. Постојат три опции – Украина, Велика Британија и Саудиска Арабија. Фаворитот можеби е последната дестинација со оглед на тоа што логично е Усик да не сака да боксираа на Островот, а Џошуа да одбие меч во Киев, а тоа не го сака и Еди Херн.

„Најреално ми се чини дека средбата меѓу Џошуа и Усик ќе се одржи на почетокот на април, поточно во средината на месецот. Секако, би сакал овој меч да биде на Островот, но ќе видиме како ќе се развиваат преговорите“, коментира Еди Херн.

Тој е дециден дека кога се во прашање парите, најдобра опција е Саудиска Арабија, бидејќи реваншот ќе генерира огромни приходи од спонзорите. Во овој случај, сепак, за Херн најважно е Џошуа да победи, бидејќи новиот пораз целосно ќе му го одземе статусот на Еј Џеј како нокаутер во категоријата и значително ќе ги намали приходите покрај „златната кокошка“ на Еди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON