Уште три медали за Македонија на „Марибор опен“ – сребро за сениорката Ацевска

Уште три медали за Македонија на Меѓународниот џиу џицу турнир Марибор опен во Словенија, еден сребрен и два бронзени. Со сребро се закити Картерина Ацевска, а со бронзи Зоран Колевски и Јован Николиски.

Во сениорска конкуренција Катерина Ацевска (+70 кг) со четири победи против противнички од Германија, Словенија, Босна и Херцеговина и Италија дојде до финалето. Поради казни изгуби од натпреварувачка од Црна Гора, велат од нашиот табор, иако во текот на целата борба водела.

Во категоријата -56 кг во У-18 Зоран Колевски со две победи против натпреварувачи од Италија и една изгубена од противник Унгарија освои бронзен медал.

Јован Николиски (-46 кг, У-14) со една победа и еден пораз, исто така, освои бронза.

Јаким Колевски и Антонио Стојчески во категоријата -69 кг во У18 со по една победа и два порази се на петтото и шестото место.

Од нашиот табор сметаат дека ова е одличен тест-турнир за претстојното Европско првенство во Романија.

Да потсетиме дека претходниот ден Данил Николиски (-56 кг, У-21) и Марија Таневска освоија златни медали, додека машкиот тим на Македонија Осенсеи Балекс го освои бронзениот во Јадранската лига, а Катерина Ацевска освои залто со екипата на Јахорина во Јадранската џиу џицу лига. Таа настапуваше како позајмен борец поради тоа што ние немавме женски претставници во лигата.

На 19-тиот Марибор опен учествуваат 500 натпреварувачи од 14 држави.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON