Македонските каратисти освоија уште четири медали на Блаканското првенство за сениори во Будва, Црна Гора. Љупче Михајлов освои сребрен медал, а неговиот клупски другар од КК Штип и најдобар македонски каратист Емил Павлов се закити со бронза, како и Реџеп Рушити и Данка Стојкова во кати.
Мурсел Мисини се бореше за бронзен медал, но загуби минимално од српскиот каратист Александар Топузовиќ 0-1.
Македонија по двата дена освои 10 медали – 1 златен, 2 сребрени и 7 бронзени и е на четвртото место. Прва е Хрватска со 8 медали (3-3-2), втора е Црна Гора 8 (3-3-2), трета Србија 7 (2-2-3).
Денешниот биланс на медали може да се зголеми бидејќи претстојат настапите на Данило Божовиќ и Стефан Стојановиќ.
Да потсетиме дека вчера Јована Мицовска освои златен медал во категоријата до 61 килограм откако во финалето ја совлада клупската другарака од Макпетрол Викторија Јовановска со 3-4, а со бронзи се закитија Ангела Мојсовска, Михаела Мишовска, Сара Дука и Магдалена Божиновска.
Резултати Балканско првенство:
-67 кг
Емил Павлов – Екрем Алтунер Јилмаз (Турција) 3-0
Емил Павлов – Сефан Јоксиќ Србија) 4-3
Емил Павлов – Боран Берак (Хрватска) 1-4
За бронза
Емил Павлов – Орландо Даниел Баицу (Романија) 5-3
75 кг
Реџеп Рушити – Лорен Сариќ (БиХ) 4-0
Реџеп Рушити – Даниел Сантионеану (Романија) 9-1
Реџеп Рушити – Бетим Малиќи (Косово) 3-0
Реџеп Рушити – Љупче Михајлов 1-2
За бронза
Реџеп Рушити – Ѓорге Грубиќ (Србија) 1-0
Љупче Михајлов – Арсеније Тадиќ (Црна Гора) 5-3
Љупче Михајлов – Иван Мартинац (Хрватска) 4-2
Љупче Михајлов – Ѓорге Грубиќ (Србија) 4-1
Љупче Михајлов – Реџеп Рушити 2-1
Финале
Љупче Михајлов – Немања Микулиќ (Црна Гора) 1-10
Мурсел Мисини – Лука Пејиќ (БиХ) 0-0
Мурсел Мисини – Стефан Команеску (Романија) 6-3
Мурсел Мисини – Немања Микулиќ (Црна Гора) 0-1
Репасаж
Мурсел Мисини – Халит Улукок (Турција) 2-1
За бронза
Мурсел Мисини – Александар Топузовиќ (Србија) 0-1
-84 кг
Виктор Спасов – Јакуп Ајдари (Косово) 1-4
+ 84 кг
Данило Божовиќ – Лука Вуковиќ (Србија)/ Лазар Потпара (Црна Гора)
Стефан Стојановиќ – Душан Бјелиќ (Црна Гора)
Кати
Жени
Владанка Аврамова – Есма Пашалиќ (БиХ) 22,60-22,60
Данка Стојкова – Мина Николиќ (Србија) 23,00-24,10
Репасаж
Данка Стојкова – Мишеле Банесау (Романија) 24,50-22,70
Данка Стојкова – Ајше Јилмаз (Турција) 24,40 – 23,00
За бронза
Данка Стојкова – Ива Маријановиќ (Србија) 24,30 – 23,00