На 21 мај во швајцарскиот Олтен, Урим Саити (- 82,5 кг) од Маршал артс академијата од Кичево ќе настапи на кик бокс настанот „Стори 4“ протов Босанецот Дејан Крнета во организација на Брадерс ГСМ, а под закрила на ВКУ?
-Не очекувам ништо посебно од овој настап, бидејќи борбата ќе биде пријателска.
Имаш ли некоја специјална тактика за Кренета?
-Мислам дека Крнета ќе биде изненаден од моите обични кикови (текники со нозе).
Како ги помина подготовките?
-Иако имав многу други обврски, се трудев максимално, кондициски, вреќа, фокусерки. Се подготвав во Кичево и Охрди со моите другари. За подобрување на техниката и за некои детали послените тренизи ги направив во Тирана во Јава ГСМ кај тренерот Џавит Бајрами, кој има неколку светски титули во К-1 и мај тај во тешка категорија.
Што знаеш за противникот?
-Ништо не знам за противникот, ниту сум се интересирал.
Што ќе му порачаш?
-Му порачувам, ако не е подготвен подобро да не се качува во рингот
Дали е ова твојата прва професионлана борба?
-Не ми е прва борба, имам околу 10 професионални борби и тоа со борци кои денеска настапуваат во Глори, Енфужн.
На оваа приредба настапува и Бени Османоски. Дали контактирате со него и дали разменувате искуства?
-Да и Бени ќе настапи на овој турнир. Со него се познаваме, но, ете, тој живе во Швајцарија, а јас во Кичево и не сме имале прилика за некоја соработка, само така се среќаваме по некои организаци. Но, сигурен сум дека ќе имаме прилика за соработка.
Ipon.mk/В. Д.