Уралскиот хулк сака да се бори со Магомед Исмаилов

Иван Штирков, попознат како Уралскиот хулк, е насочен кон борба со Магомед Исмаилов.

32-годишниот Штирков извесно време беше во УФЦ во 2019 година, но не успеа да стигне до борба, па си замина по големиот скандал. Потоа падна на допинг тест и УСАДА почна да го испитува, а Иван побара да биде ослободен од УФЦ.

Тој беше ослободен од организацијата, а малку подоцна УСАДА го суспендира две години. Штирков има учинок 17-1-1 во ММА, а 12 од борбите се со зврашница. На последната средаб, Иван изгуби многу тежина и се спушти во средна категорија и го доби со одлука на судиите Пастернак.

Штирков сака да се пресмета со Магомед Исмаилов, кој е во серија од 10 последователни победи и еден од најдобрите ММА борци во Русија. Магомед стана уште попознат откако го растури Александар Емелјаненко пред неколку месеци.

„Идејата е одлична, не ми пречи. Требаше да го споменам на прес-конференцијата пред мојата битка со Еномото. Тогаш реков дека би сакал да се борам со Магомед Исмаилов, бидејќи луѓето ме опсипуваа со секакви лоши работи. Не се откажувам од оваа желба.

Ако Магомед сака да се бори, и јас го сакам истото, зошто да не? Сè што треба  е некоја да го организира мечот. Сè мора да биде јасно. Значи, се разбира, можете да почнете со рекламирање на овој судир“, рече Штирков за медиумите.

https://www.instagram.com/p/CGMByT1DMFz/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON