Каратистите на Макпетрол, кои се во составот на македонската универзитетска карате репрезентација ги завршија успешно подготовките и подготвени заминуваат на Европската летна Универзијада која ќе се одржи од 14 до 19 јули во два града во Унгарија, Мишколц и Дебрецин.
На Европската Универзијада ќе земат учество преку 5000 студенти од 400 универзитети од 40 европски држави и тие ќе се натпреваруваат во 18 различни спортови.
„На летната Европската Универзијада заминуваме подготвени, како и секоја година. Сакам да истакнам дека македонските карате спортисти имаат голема традиција и успешност од настапите на официјалните европски универзијади и светските универзитетски првенства. Очекуваме добро претставување на македонскиот карате тим во Унгарија. Натпреварите во боречките спортови и карате ќе се одржат во градот Мишколц во периодот од 16 до 18 јули“, изјави Бошко Заборски, селектор на македонската универзитетска карате репрезентација.
Линкови на кои можете да ги добивате сите информации од настапите на Европската Универзијада:
www.eug2024.eu
@eug2024