Умар Нурмагомедов верува дека Мераб Двалишвили избегнува да се бори со него во октагонот на УФЦ.
Предизвикувачот од Дагестан призна дека „Машината“ сака да се бори во март следната година, бидејќи знае дека тогаш е Рамазан и Нурмагомедов нема да прифати таква борба. Умар е веројатно следниот предизвикувач на УФЦ во бантам категорија. Во последната борба, братучедот на Хабиб Нурмагомедов го победи Кори Сандхаген и го заслужи второто место на УФЦ ранг-листата во категоријата.
Актуелен шампион во оваа категорија е Мераб Двалишвили, кој во својата последна борба го совлада Шон О’Мели. Во интервју за Кевин Јоли, Нурмагомедов зборуваше за преговори со УФЦ за неговата следна борба. Тој тврди дека Мераб си игра игри бидејќи се плаши од него и бега од нивната борба.
„Мераб се обидува да ме избегне. Не зборува за мене. Велеше дека не заслужувам да се борам за шампионскиот појас. Ако УФЦ му даде уште една можност, тој дефинитивно ќе ја искористи. Двалишвили игра. Знаат дека нема да се борам за време на Рамазан и сега сакаат да се борма во март, за време на Рамазан изгледа многу лошо, тој прави се за да ја избегне пресмеката со мене“.
View this post on Instagram