Ули Вегнер изјави дека неговиот пулен, Артур Абрахам, се уште е гладен за победи. Германецот со ерменско потекло 16 јули се враќа во рингот на голема галавечер во Берлин (Германија).
Поранешниот светски шампион во две различни категории ќе се бори за послабата титула – интернационален појас на Светската боксерска организација. Негов ривал ќе биде Норвежанецот Тим-Робин Лихауг. Тренерот на скандинавецот се прашува дали Абрахам се уште има желба да боксира.
„Артур не е бил погладен за победи. Сака да си ја врати титулата која загуби од Жилберто Рамирез“, коментира Ули Вегнер.