УФЦ заработи 600 милиони долари во 2015 година

UFC crno logo

The Ultimate Fighting Championship (УФЦ) успеала да генерира приходи од над половина милијарда долари во 2015 година, што е своевиден рекорд за компанијата.

УФЦ ќе генерира околу 600 милиони долари од приходите во 2015 година благодарение на нивниот бизнис со платените канали, кои го емитуваат секој нивни настан. Освен тоа, не треба да ги заборавиме и крупните износи кои органзацијата ги прибира од медиумските права и ексклузивните спонзорства.

Еве што рече сопственикот на УФЦ, Лоренцо Ферита, за CNN:

„Ние ќе ја завршиме 2015 година со приходи од околу 600 милиони долари, што е рекорд за компанијата. Приходот во  однос на 2014 година е значителен. Тоа потврдува дека платформата за работа која сум ја изградил навистина функционира. Најголемите приходи се од нашата основна дејност. Потоа се редат приходите од медиумските права. Исто така не треба да ја заборавиме и нашата топ платформа наречена UFC Fight Pass, благодарение на која за претплата од само 9,99 долари месечно ќе добиете пристап до целата наша UFC библиотеката. Еве ова се нашите три главни начини на кои генерираме приходи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON