УФЦ закажа прес-конференција на Мек Грегор и Нејт Дијаз на 7 јули

Mek gregor RDA

Ова лето дефинитивно изгледа како едно од највозбудливите во историјата на УФЦ.

Прво ќе можеме да уживаме во УФЦ Фајт најт: РДА-Алварез, а потоа и на одбраната на титулата на Јоана Језерчик против Клаудија Гадела на Ултимејт фајтер 23 сизн фајнл.

На 9 јули доаѓа време и за настанот со голема буква – УФЦ 200, на кој ќе видиме еден куп прекрасни судири и борци од калибар на Џон Џонс, Даниел Кормиер, Брок Леснар, Марк Хант, Миша Тејт, Хозе Алдо и други.

Сепак, тоа не е се за првите десет дена на месец јули. На 7 јули ќе се одржи и официјалната прес-конференција со учество на Конор Мек Грегор и Нјет Дијаз пред вториот нивен меч на УФЦ 202 во август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON