Најпопуларната ММА организација на планетата УФЦ ќе влезе и во Јужна Кореја.
Шефовите на синџирот потврдија дека ќе организираат галавечер на 28 ноември во Сеул. Ова ќе биде трети настан за 2015-та година, што се одржува во рамките на територијата на Азија. Основна причина за екстензиите е бројот на корејски топборци кои се борат во УФЦ како Донг Хјун Ким, Чан Сунг Џунглата и Хјун Гју Лим.
Организацијата одлучила сериозно да настапи и во други земји од континентот. Сенџирот има договор со 40 Азијци, а шоуа веќе се емитуваа од Макао, Манила, Сингапур и Токио.