Само еден ден по импресивната победа во Легаси ФЦ настанот, член на уФЦ стана 19 годишниот Сејџ Норткат, неверојатно талентираниот каратист.
Инаку, Норткат настапува велтер категорија, и досега има одработено пет професионални борби, забележувајќи пет победи со прекин, а вчерашната над Роки Лонг е првата што не ја завршил во првите пет минути. Пред да помине во професионлаци, во ноември минатата година, имаше низа од шест последователни победи во аматерски борби, а дури четири од пет професионални борби ги направи во Легаси, една од најдобрите американски регионални организации.
Во младоста освои буквално се што може да се освои во карате и во кик-бокс, па ММА кариера беше некако логичен редослед. Карате почнал да тренира на пет години, а веќе на осум станал носител на црн појас, што само е доказ дека ова е навистина чудо од дете. Покрај борбите, Сејџ е активно се ангажира како модел.
Покрај тоа, Норткат се појавуваше во некои тинејџерски серии и беше во врска со ѕвездата Бела Торн. Според некои информации, треба да дебитира за пет недели, на УФЦ 192. За помалку од една година откако стана професионалец, Сејџ веќе е член на најдобрите. Импресивно.
Во видеото може да видите како изгледа Сејџ во кафезот.
https://youtu.be/q12Bp7B6ZfQ
https://youtu.be/mPRSdEWYQsU