УФЦ го тужи Вондерлеј Силва!

Wanderlei-Silvaa

Добро е познато дека одамна пукна љубовта меѓу УФЦ и Вондерлеј Силва, а сега работите кулминираа со судска тужба од страна најсилната светска ММА промоција против својот борец.

Вондерлеј Силва неодамна со сите оружја го нападна УФЦ, а кога неодамна изјави дека во УФЦ се местат мечеви, лидерите на организацијата тргнаа во контранапад, па целата работа ја префрлија на Окружниот суд во Невада.

УФЦ покрена судска тужба во која се наведува дека го тужи Вондерлеј Силва поради намерно прекршување на дисциплината. Силва веќе некое време се обидува да се ослободи од договорот кој го врзува со организацијата, но во тоа не успеа, иако е под суспензија за избегнување на допинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON