На MMA настанот УФЦ 200 се одржа денеска во раните утрински часови во Лас Вегас, на кој Брок Леснар забележа убедлива победа над Марк Хант по враќањето во УФЦ. Во третата рунда тој направи многу значаен тејкдаун со кој го закова на грб Хант и го наметна својот граунд енд паунд до крајот на рундата. Средбата се заврши со судиски одлука, при што тројцата судии го дадоа својот глас за Леснар.
https://youtu.be/DIA6OyUemJ4
Дури и без Џон Џонс, кој беше изземен мечот за титулата во полутешката категорија поради позитивен допинг тест, неговиот противник Даниел Кормиер се сретна со Андерсон Силва, кој одлучи да ја прифати борбата два дена пред почетокот на настанот.
Спајдер дојде на мечот и по операција на жолчката и беше јасно дека нема да може да се претстави во врвна форма, но доминацијата на Кормиер беше безмилосна. Уште од почетокот „ДЦ“ почна агресивно. Го уривна Силва на подот, каде што го опсипа со удари. Така продолжи и во втората и третата рунда.
https://youtu.be/galA8f0v-MY
Кон крајот Силва му нанесе добар удар во црниот дроб на Кормиер, но тоа беше крајно недоволно за да се сменат работите. За око не беше убава средба, но и двајцата борци со прикажаното ги поделија судиите кои пресудија во корист на Кормиер.
Пред нив Хозе Алдо повторно си ја заслужи шампионската титула, иако привремено, во перо категорија. Тој победи со судиски одлука и тоа доста убедливо против Френки Едгар. Со оваа победа тој заслужи реванш со шампионот Конор Мек Грегор, кој прво треба да се сртене со Нејт Дијаз на УФЦ 202.
Главниот настан на вечерта беше атрактивен, за разлика од претходните две средби. Аманда Нуњес успеа да и ја одзедме титулата на Миша Тејтр во бантам категорија. Бразилката започна агресивно уште во првите минути и зададе прецизни удари, вклучувајќи ги тие со колено, кои и го раскрвавија носот на шампионката. Следуваа уште неколку удари кои ја скршија Тејт, Нуњес успеа да ја фати од позадид и да направи клуч, кој иако не беше многу добро направен, беше доволен да ја принуди опонентката и да се предаде.
По оваа поебеда Бразил повторно има шампион во УФЦ, откако сите други носители ги загубија титулите од оваа земја.
UFC 200:
Amanda Nunes def. Miesha Tate (submission, rear-naked choke, R1)
Brock Lesnar def. Mark Hunt (ednoglasna sudiska odluka; 29-27, 29-27, 29-27)
Daniel Cormier def. Anderson (ednoglasna sudiska odluka;30-26, 30-26, 30-26)
Jose Aldo def. Frankie Edgar (ednoglasna sudiska odluka; 49-46, 49-46, 48-47)
Cain Velasquez def. Travis Browne (TKO, R1)
Julianna Pena def. Cat Zingano (ednoglasna sudiska odluka;29-28, 29-28, 29-28)
Kelvin Gastelum def. Johny Hendricks (ednoglasna sudiska odluka; 29-28, 30-27, 30-27)
T.J. Dillashaw def. Raphael Assuncao (ednoglasna sudiska odluka; 30-27, 30-27, 30-27)
Sage Northcutt def. Enrique Marin (ednoglasna sudiska odluka; 29-28, 29-28, 29-28)
Joe Lauzon def. Diego Sanchez (TKo, R1)
Gegard Mousasi def. Thiago “Marreta” Santos (KO, R1)
Jim Miller def. Takanori Gomi (TKO, R1)