Стипе Миочиќ (14-2, 8-2 УФЦ) убедливо чекори кон местото на прв предизвикувач на УФЦ во тешка категорија.
Откако убедливо го победи Марк Хант, хрватско-американскиот тешкаш за само 54 секунди го нокаутираше поранешниот шампион во тешка категорија, Андреј Арловски (25-11, 14-5 УФЦ). Миочиќ со два удари со десната рака го собори Белорусинот, а потоа го довршил, додека тој беше на подот. Ова е втора победа со која ја прекина низата на Арловски од шест последователни триумфи.
https://youtu.be/AtxpCG7PTi8
https://youtu.be/a1Ggai0Bo24
Во главната борба на вечерта на УФЦ 195, Роби Лоулер учествуваше уште во една класика. „Безмилосниот“ во рамноправна борба со поделена одлука на суидиите по пет рунди го совлада по втор пат поранешниот привремен шампион Карлос Кондит и по втор пат го одбрани појасот.
„Беше се она што другите велеа дека е. Беше пеколно“, рече Лоулер по борбата.
https://youtu.be/piLKpyjqsqU
Во борбата која беше планирана за Даблин кон крајот на октомври, Дастин Пориер со судиска одлука го порази Јосиф Дафи.
Првата Македон(ка)-ец, воопшто, кој с епојавил во УФЦ, Нина Ансароф е поразена со судиска одлука од Џастин Киш.
UFC 195:
Роби Лоулер – Карлос Кондит (со поделена одлука на судиите, 48-47, 47-48, 48-47)
Стипе Миочиќ – Андреј Арловски (ТКО, Р1)
Алберт Туменов – Лоренц Ларкин (со поделена одлука на судиите,, 29-28, 28-29, 29-28)
Брајан Ортега – Диего Брандао (сабмишн, давење со триаголник, Р3)
Авел Трухило дефиниција. Тони Симс (сабмишн, гилотина, Р1)
Мајкл Мекдоналд – Масанори Канехара (сабмишн, давење од позади, Р2)
Алекс Морон – Кајл Нок (со поделена одлука на судиите,: (29-28, 27-30, 29-28)
Џастин Киш – Нина Ансароф (едногласна судиска одлука, 29-28, 30-27, 30-27)
Дру Добер – Скот Холцман (едногласна судиска одлука, 29-28, 29-28, 29-28)
Дастин Пориер и Јосиф Дафи (едногласна судиска одлука, 30-26, 30-27, 30-27)
Микиниори Танака – Џо Сото (со поделена одлука на судиите,, 29-28, 28-29, 29-28)
Шелдон Весткот – Едгар Гарсија (ТКО, Р1)