Пред неколку часа заврши турнирот во слободни борби УФЦ 190. Главен меч на настанот беше борбата за титулата во бантам категорија меѓу Ронда Русеј и Бет Кореија.
Па, и оваа средба Ронда не траеше повеќе од минута. Победничката ја прегази противничката за само 34 секунди. Интересно е дека овој пат Ронда до победата дојде со брутално нокаут .
Во подглавната средба Маурисио Руа повторно го победи Антонио Рожеиро Ногуерио, како и пред 10 години до победникот беше одлучен со судиска одлука.
Еве ги сите резултати од турнирот:
Ronda Rousey ја победи Bethe Correia со нокаут во првата рунда;
Mauricio Rua го победи Antonio Rogerio Nogueira со судиска одлука (29-28 x3);
Fernando Bruno го победи Glaico Franca со сабмишн во третата рунда;
Reginaldo Vieira го победи Dileno Lopes со судиска одлука (29-28, 30-27 x2);
Stefan Struve го победи Antonio Rodrigo Nogueira со судиска одлука (30-27 x3);
Antonio Silva го победи Soa Palelei со ТКО (удари) во втората рунда;
Claudia Gadelha го победи Jessica Aguilar со судиска одлука (30-27 x3);
Demian Maia го победи Neil Magny со сабмишн во втората рунда.