УФЦ сака Алекс Переира и Магомед Анкалаев да го спасат УФЦ 310 во декември

Неодамна стана познато дека Белал Мухамед се повлекува од настанот УФЦ 310 кој ќе се одржи на 7 декември во Лас Вегас. Мухамед има инфекција на коските на палецот и не може да се бори со Шавкат Рахмонов. Алекс Переира изрази желба да ја спаси вечерта, бидејќи веќе има спасено неколку УФЦ настани оваа година.

И Магомед Анкалаев изрази желба да се бори на настанот и го предизвика Бразилецот. МММанија откри дека УФЦ ги контактирала Переира и Анкалаев со понуда да ја спасат последната голема гала вечер на УФЦ за 2024 година. „Поатан“ веќе имаше исклучително силна година, а победата над Анкалаев ќе биде шлаг на тортата за Бразилецот.

Оваа година Алекс ја бранеше титулата 3 пати со победи над Џамхал ​​Хил, Јиржи Прохаска и Халил Раунтри. Така, тој е фаворит за борец на 2024 година. На почетокот на минатиот месец Переира го нокаутира Раунтри и изјави дека ако е до него, тогаш ќе се бори во декември. Сега очигледно УФЦ повторно прибегнува кон неговите услуги.

Анкалаев се бореше и минатиот месец и го победи Алексаднер Ракиќ во Абу Даби. Двајцата разговараа еден за друг во последните месеци и ова е борбата што ја посакуваат навивачите. Многумина веруваат дека Магомед може да го победи Переира. Останува да се види дали двете страни ќе се договорат за оваа борба во декември.

https://twitter.com/ChampRDS/status/1852002395292627197

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON