Ударот кој беше почеток на крајот на Дарен Тил (ВИДЕО)

Тајрон Вудли го победи Дарен Тил со гушење во втората рунда, со тоа одбрани титулата нан УФЦ во велтер категорија. Но, сето тоа го започна директот на почетокот на крундата, кој го испрати Тил на подот.

Познато е дека Тајрон Вудли во десната рака има сила која доведува до тоа да ретко кој може да остане на нозе, доколку погоди прецизно. Таа теорија се потврди и во денешната борба меѓу Вудли и Дарен Тил, одржана на настанот на УФЦ 228. На крајот ќе се пишува дека Вудли до победата дојде со гушење на крајот од втората рунда, но, всушност, десниот директ беше почеток на крајот на оваа борба, во која противникот падна буквално без нешто да може да го направи. Вудли го одбрани појасот без претрпена штета, а за тоа во голем може да и се заблагодари за својата десница.

УФЦ 228 – Резултати
Џесика Андраде – Каролина Ковалкиевич – КО (Р1 1:58)
Забит Магомедшарипов – Брендон Дејвис – Саб (Р2 3:46)
Џими Ривера – Џон Додсон – едногласна судиска одлука
Абдул Разак Алхасан – Нико Прајс – КО (Р1 0:43)

Татјана Суарез – Карла Еспарза – ТКО (Р3 4:33)
Аџамаин Стерлинг – Коди Стамен – Саб (R2 3:42)
Џеф Нил – Френк Камачо – КО (R2 1:23)
Дарен Стјуарт – Чарлс Бирд – ТКО (Р2 2:17)

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON