Убиен познат кикбоксер! Пронајден мртов на паркинг во Мелбурн

Два дена по завршувањето на Австралија опен во Мелбурн, Сем Абдулрахим беше убиен.

Според австралиските медиуми, Абдулрахим бил најбараниот човек во подземјето во Мелбурн, а бил убиен откако подолг период ги избегнувал непријателските напади.

Напаѓачите пукале во него, а во моментот на убиството била присутна и неговата девојка.

Откако беше пронајдено телото на „The Punsher“, како што беше наречен Абдулрахим во светот на кикбоксот, неговата сестра најави одмазда.

„Кој и да го убил брат ми, јас те гонам. Знам дека си куче. Ништо не завршува тука“, рече таа.

Абдулрахим беше совршен во својата професионална кик бокс кариера, имаше осум победи без пораз, а пет борби завршија со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО