Уапсен поранешен боксерски шампион бидејќи ја претепал сопругата

Џамел Херинг, поранешен шампион во бокс за јуниори во лесна категорија, беше уапсен во Охајо по наводен насилен инцидент. 39-годишниот поранешен боксер околу 18 часот и 30 минути бил заведен во книгата на уапсените. Тој е обвинет за напад и семејно насилство. Му беше одредена кауција од 50.000 до 75.000 долари за двете обвиненија.

Според извештајот до кој дојдеТМЗ Спорт, сопругата на Херинг на 8 јануари отишла во полиција во Мејсон. Таа раскажала за инцидент што се случил пред четири дена. Херинг, наводно, се вратил дома во 02:00 часот ноќта, во тешка алкохолизирана состојба и ја нападнал поради проблеми во врската. Жената рече дека Херинг ја нападнал „со брутално насилство“.

Наводно ја удрил, ја влечел за коса и ја задушил. Таа исто така рече дека има тешкотии со дишењето и дека се плаши за својот живот. На полицијата и биле покажани фотографии од гребнатини на вратот на жртвата. На испрашувањето за повредите, Херинг тврдел дека тие се од посебен инцидент во декември 2023 година, кога беше уапсен под сомнение за семејно насилство.

Џамел Херинг ја заврши боксерската кариера во 2022 година по поразот од Јамајн Ортиз. По оваа борба тој се врати и забележа победа и пораз во 2023-2024 година. Вкупно се борел во 29 меча, од кои победил на 24. Покрај боксерската кариера, служел и во Маринскиот корпус на САД. Тој бил на две мисии во Ирак меѓу 2005 и 2007 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО