Уапсен ММА борец кој уценувал син на милијардер (ВИДЕО)

Рускиот MMA борец Ашаб Магомедов е уапсен. Магомедов следните два месеци ќе ги помине во домашен притвор. Тој е приведен поради сомнение дека вршел изнуда од малолетник на милијардер.

Изнудуваниот малолетникот е 17-годишниот син на милијардерот Павел Врублевски, за кој се вели дека настрадал од постапките на Магомедов. Освен Магомедов, приведен е и неговиот соучесник.

Доколку се докаже вината на Ашаб, тој може да се соочи со затворска казна до седум години. Ашаб бил уапсен во московски хотел, а во иста соба со него бил и блогерот Некоглај.

Неодамна Магомедов и Некоглај доживеаја страшна несреќа. Борецот и блогерот се повредени откако со голема брзина удриле во нивниот автомобил. Возачот не го преживеал сударот.

https://www.youtube.com/watch?v=WY0rrb8X8To&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON