Поранешниот УФЦ борец во лесна категорија Абел Трухило е уапсен и обвинет за сексуална експлоатација на дете. Одредена му е кауција од 10.000 долари.
Сексуалната експлоатација на детето се дефинира како „поседување, производство или дистрибуција на порнографија која вклучува дете под 18 години во Колорадо. Трухило беше уапсен на 24 мај во округот Броард, Флорида. Апсењето дојде по наредба од Колорадо. Авел може да добие помеѓу 12 и 18 месеци затвор за ова обвинени, ако биде осуден.
Исто така може да биде казнет со глоба од 1.000 долари до 100.000 долари. Во минатото, Авел е осудуван за семејно насилство во 2007 година и повторно во 2009 година во Ајова. Трухило помина 5 години во УФЦ и успеа да забележи скор 6-4-1. Тој беше ослободен во 2017 година, откако влезе во серија од 2 последователни порази.