УФЦ ММА ѕвездата Конор Мек Грегор беше уапсен во вторникот вечерта во Даблин поради наводно опасно возење. Ирскиот весник „Индипендент“ пренесува дека Мек Грегор бил приведен во западен Даблин додека го возел својот „бентли континентал ГТ“ GT вреден околу 170.000 евра. Тој бил сопрен од полицијата, а потоа уапсен поради сообраќајни прекршоци.
Изданието известува и дека по апсењето му бил одземен и луксузниот автомобил на патот, но подоцна му бил вратен. Заедно со неговото апсење, тој е обвинет за опасно возење и следниот месец ќе се појави пред Окружниот суд во Бланчардстаун. Тој и претходно се појави на суд во 2017 година, кога беше казнет со 400 евра поради пребрзо возење.
Ако Конор Мек Грегор биде прогласен за виновен, обвинението за опасно возење ќе резултира со максимална парична казна до 5.000 евра или шест месеци затвор, или и двете. Ова не е првпат Мек Грегор да има проблеми со властите, бидејќи на негово име има долга листа од 18 пријави, од кои повеќето се поврзани со возење.
Конор Мек Грегор не се бореше од УФЦ 264 во јули 2021 година кога ја скрши ногата на крајот од првата рунда против Дастин Пориер. Тој претходно беше нокаутиран од Пориер во јануари 2021 година. Тој моментално ја лекува ногата и јасно стави до знаење дека го сака Камару Усман во неговото враќање.