Турки Алалших ги коментира гласините околу потенцијалната борба меѓу Канело и Крафорд

Турки Алалших, шефот на боксерскиот проект Сезона во Ријад, ги коментираше гласините дека е договорен меч во суперсредна категорија меѓу мексиканската ѕвезда Канело Алварез и Теренс Крафорд.

На почетокот на овој месец во Лондон, Канело и Крафорд учествуваа на одделни состаноци со Алалших. Двајцата боксери отпатуваа во Англија за да присуствуваат на церемонијата на доделување награди на магазинот Ринг.

Судирот меѓу Канело и Крафорд несомнено би бил еден од најголемите боксерски мечеви во последно време, а се шират гласини дека потенцијалниот меч би можел да се одржи во септември.

Сепак, Алалших во објава на социјалните мрежи рече дека медиумите шират лажни вести дека е постигнат договор за нивната борба и објави видео на кое тој и Крафорд разговараат со Канело.

„Ова видео е од пред неколку дена и не зборуваме за бокс… Зборувавме за видео играта Fatal Fury City of the Wolves, која ќе биде објавена на 24 април. Само ги замолив да играат игра заедно. Тоа е единственото нешто во кое можев да ги предизвикам…“, напиша Турки Алалших во објавата на социјалните мрежи и продолжи:

„Тие го прифатија мојот предизвик и се обложивме дека поразениот ќе плати вечера. За ништо друго не разговаравме, бидејќи сите тројца мразиме бокс, продолжуваме да се занимаваме со јога. Па нека се шират гласините сега. Ние тројца знаеме за што разговаравме и тука е крајот на приказната. Ние ќе одлучиме што, кога и каде“…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО