Тупурковски вети МОК ТВ која ќе ги пренесува националните првенства

sobranie-mok-cile-zbori

На Изборното собрание на Македонскиот олимписки комитет, одржано на 9 декември 2016 година, Д-р Васил Тупурковски беше реизбран за претседател на Македонскиот олимписки комитет и доби нов четири годишен мандат од членовите на Собранието на МОК.

cile-nov-prtet
Претседателот Тупурковски, во презентацијата на својата програма наведе дека приоритет во овој мандат ќе биде изградбата на „Олимпискиот дом“ на Македонскиот олимписки комитет, но потенцираше и дека ќе се зголеми финансиската помош која ќе ја добиваат Националните спортски федерации и спортистите, во сите можни категории.
Како новитет го најави проектот “МОК ТВ“ со голем број на директни преноси на натпревари од националните спортски првенства, но ќе има и разговори, интервјуа, документарни спортски серии, времеплов и слични содржини. Во овој правец, МОК ќе соработува и со Олимпискиот ТВ канал на ИОК. Секако, најважен сегмент, во програмата за работа на реизбраниот претседател Васил Тупурковски ќе бидат спортистите, а во овој сегмент посебно внимание ќе се посвети на здравјето на спортистите преку примена на посебни спортско медицински содржини, имплементација на анти-допинг едукација и информирање. Кога спортистите се во прашање, посебен момент ќе биде универзитетската едукација на спортистите со кои спортистите ќе можат подготвени да ја започнат својата “кариера после кариера“ односно да ја заменат по завршувањето, својата спортска со нова работна кариера. Тупурковски ја потенцира и соработката со најголемиот производител на спортска опрема НИКЕ, а го промовираше и договорот кој МОК го потпиша со автомобилскиот гигант ТОЈОТА.
Бидејќи основа за успешни спортски резултати е спортската администрација, Тупурковски ја истакна важноста од продолжување на напредните обуки за тренери на Националните спортски федерации, но и обуките за спортската администрација во областа на напредниот спортскиот менаџмент. Македонскиот олимписки комитет, но и Националните спортски федерации кои се носители на дејноста од соодветниот спорт, заедно со сите останати фактори од јавниот и приватниот сектор, во периодот кој следи ќе мора да ја унапредат својата работа во насока на успешен настап на македонските спортисти на Европските и Светските првенства во периодот 2016-2020 година како и на Олимписките игри Токио 2020.

Против кандидат на проф. Д-р Васил Тупурковски на ова изборно собрание беше Атанас Николовски, предложен од страна на Кајакарска федерација на Македонија.

На ова Собрание “МАЛБИТОЛСКИ МОНМАРТР“ и г-дин Коста Хаџи Антоновски ја добија престижната награда на Меѓународниот олимписки комитет за Спорт и Уметност.

Претседателот на МОК, Васил Тупурковски му врачи вредно признание на Томи Стефановски, светски првак во маратонско пливање.

За нови членови на МОК беа избрани:
– Македонска спортска качувачка федерација
– Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија
– Македонската олимписка асоцијација
– Асоцијацијата на спортски новинари на Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON