На средбата во Македонскиот олимписки комитет (МОК) меѓу претседателот на МОК, Васил Тупурковски и претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези, се разговараше за унапредувањето на борењето, едукација на тренери по борење, развојот на младинското и сениорското борење, како и развојот на борењето во женска конкуренција.
Тема на разговор беше и договорот односно соработката со претседателот на ОБС/UWW (Обединето светско борење), Ненад Лаловиќ и претседателот на Европската федерација во борење (ОБС-Европа), Цено Ценов, во однос на унапредување на борењето во Македонија. Договорено е следната недела МОК и ФБСМ заеднички да организират камп за пионери и младинци, потенцијални кандидати за учество на следните младински Олимписки игри 2018 година, како и на летните Олимписки игри Токио 2020.
На крајот на средбата, претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези, му се заблагодари на Васил Тупурковски и на МОК за големата подршка која ја дават на борењето и на нашите најдобри борачи.
Ipon.mk/В.Д.