Црногорецот Младен Јокмановиќ, носител на црн појас во БЏЏ, џудо и џиу џицу, викендов во Максам фајт центарот во Прилеп одржа семинар за членовите на клубот. Сепак, од Олимписките игри во Рио де Жанеиро, во Прилеп стигна и првиот џудист олимпиец од Македонија, Катерина Николоска.
Покрај дружењето на татамито, Јокмановиќ имаше и вечерно излегување, за да види каква е забавата во градот, а го придружуваше Кате.
„Ти си првата македонска олимпијка во џудо, право од Рио дојде на семинар…Ти си бренд на Прилеп кaко Златен даб“, вели Црногорецот на заедничкото селфи со Николоска, воодушевен од прилепските девојки и приелпското пиво кое е водечко во нашата земја, но и пошироко.
На Јокмановиќ, носител на многу златни медали од големи светски и европски натпревари, а верно го следат и неговите ученици, очигледно дека прилепските работи му се допаѓаат.
Ipon.mk/В.Д.