Пресврт во случајот Боречки клуб Вардар. Централниот регистар донел решение на 17 мај со кое Љубиша Пешко го впишува за претседател на клубот, а го брише досегашниот Чедо Николовски.
Решението е донесено врз основа на одлука од 30 март 2019 година.
Да потсетиме дека пред извсно време Иницијативниот одбор на Боречкиот клуб Вардар (крилото предводено од Љубиша Пешко) одржа вонредно Собрание на кое нов претседател со акламација беше избран токму Љубиша Пешко. Покрај тоа беа избрани нов Управен одбор, Надзорен одбор и усвоени одлуки за финансирање на клубот, програма за работа.
Потоа беа донесени одлуки за поведување кривична постапка против членови на поранешното раководство на Вардар, а досега дел и од признаеното водство од Централниот регистар, од Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), како и покренување постапка пред Централниот регистар. Претходното изборно Собрание беше прогласено за нелегитимно. Притао Пешко најави и борба по судски пат.
Пред нивното Собрание се одржа изборно Собрание на кое Чедо Николовски беше избран за претседател на клубот, а Централниот регистар на Македонија го призна неговиот избор за легитимен, иако дотогашниот претседател Далибор Милановски беше со спротивни мислења.
Во меѓувреме крилото на Пешко упати писмо до БК Вардар и неговиот претседател Чедо Николовски да закаже вонредно изборно Собрание поради повеќе недоследности, како што тврдеа тие, направени во врска со свикувањето на Соабрнието кога Николовски е избран за претседател. Па така, наведуваа дека Ацо Јорданов никогаш не бил избран за в.д. претседател на Вардар; злоупотреба на печатите и дека Николовски неовластено го свикал Собранието. Сегашниот секретар на Вардар, според крилото на Пешко, бил разрешен од таа функција, но и дека неовластено потпишувал пристапници итн.
Николовски ја прифати иницијативата и рече дека во почетокот на јуни ќе закаже вонредно Собрание.
А пред некој ден крилото на Пешко го разреши Љупчо Лазаревски од секретар на клубот.
Ipon.mk