Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) го доби решението од Централниот регистер на Македонија, во кое се констатира дека нов претседател на Федерацијата е Бетим Вренези.
Со ова се даде „зелено светло“ дека неодамна одржаното вонредно Собрание дека е регуларно. За заменик претседател на ФБСМ е Дејан Богданов. Вренези и Богданов ќе функционираат со врзани потписи на сметките.
„Во текот на денот имавме средби во Агенцијата за спорт и млади, каде ја доставивме програмата за работа за оваа година, а во МОК разговаравме за нашите идни чекори. Добивме одговор од Обединетото светско борење дека на две рати треба да ги платиме обврските. Сега до крајот на идната недела ќе платиме 10 илјади евра, со што ќе биде симната суспензијата на Федерацијата. До крајот на годината треба да платиме уште 10 илјади евра обврски. Во текот на идната недела ќе имаме и состанок на новиот УО“, рече заменик претседателот на ФБСМ, Дејан Богданов.
Ipon.mk/В.Д.-К.М.