Трстена и Шоров се фатија во клинч пред младите борачи на Балканец (ФОТО)

Trsetna i sorov se fatija vo klinc

Младите борачи на БК Балканец од пионерската и младинската школа имаа голема чест – ги посетија легендите на македонското борење, олимпискиот шампион Шабан Трстена и Зоран Шоров, носител на сребрен и бронзен медал од ЕП-а, кои се на еднонеделни базични подготовки на планината Плачковица во планинарскиот дом „Лисец“ во село Вртешка.

Младите борачи имаше што да нуачат и да слушнат од еден од најдобрите борачи во светот, и од Шоров.

Saban trstena i Zoran Sorov vo poseta na mladite na Balkanec

Младите борачи на штипскиот клуб работеа на подигање на физичките способности,  како кондицијата, брзината, силата, а и на техничко-тактичка подготовеност. Кон втората половина на август повторно ќе се реализират базични подготовки на истата локација.

Trsetena i Sorov digaat tegovi

trstena i sorov zborat na mladitye

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON