Тројца македонски кикбоксери се борат за награда од 1.500 во Сараево (ФОТО)

Денеска Милан Кубин, Димитар Ѓоргиев и Бобан Илиоски успешно го поминаа мерењето за утрешниот настапат на К-1 настанот Сараево фајт 3 во Сараево, Босна и Херцеговина, притоа беше направено и жребувањето и соочувањето.

Бобан Илиоски на турнирот на осумината во К-1 во категоријата до 72 килограми ќе се сретне со Чедо Пантиќ од Босна и Херцеговина. Во оваа категорија уште се Харис Бибер (БиХ), Расим Башиќ (БиХ), Марио Марковиќ (БиХ), Новак Радуловиќ (Србија), Рене Арегер (Чешка).

Додека во Суперфајт мечеви по К-1 правилата на кој ќе настапат Ѓоргиев (-80 кг) ќе се бори со Жељан Јешиќ од Хрватска, а Кубин (-90 кг) со Бахрудин Махмиќ (Б и Х).

Учесници на Суперфајт се Игор Емкиќ (БиХ), Месуд Селимовиќ (БиХ), Бахрудин Махмиќ (БиХ), Алија Туцак (БиХ), Алмин Хоџиќ (БиХ), Владимир Ток (Германија), Милан Кубин (Македонија), Вукашин Обрадовиќ (Србија), Димитар Ѓоргиев (Македонија), Дарко Кнежевиќ (Германија). Се чека потврдата на уште еден борец.

Наградата за првиот е 1.500 евра и појас.

Во склоп на манифестацијата ќе се одржи и еден професионален бокс меч меѓу Селме Балтиќ и Катарина Виштица.

На Сараево фајт 3 и ќе настпат борци од Б и Х, Хрватска, Србија, Македонија, Германија, Швајцарија, Чешка, Словачка, Холандија и Турција.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON