Тројца борачи ќе ја претставуваат Македонија на „Петко Сираков“

Македонските младински репрезентативци во борење Бехар Махмути, Раиф Камбери и Рамадан Мустафовски отпатуваа на силниот Меѓународен турнир „Петко Сираков“ во Бугарија, кој ќе се одржи овој викенд.

На турнирот требаше да патува Владимир Егоров, но го откажа учеството од засега непознати причини, па затоа итно беше повикан Мустафовски.

Како тренер ќе патува Сашо Игнатовски, а судија е Илчо Макроски.

Според правилата на ФБСМ, ако некој борач без прчина го откажува учеството во националниот тим, тогаш на него нема да се смета за репрезентацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON