Тројца македонски јуниори во врвот на Светската таеквондо ранг листа

На Светската таеквондо ранг листа тројца македонски репрезентативци во јуниорска конкуренција се во светскиот врв, за кои 2019 година беше повеќе од успешна. На Ранг листата што беше објавена на 1 јуни се најдоа Дамјан Трајковски, Мила Рељиќ и Флип Стаменов.

Дамјан Трајковски од ТК Кобра во категорија над 78 кг се наоѓа на четвртото место на Светската ранг листаа. Дамјан Трајковски во 2019 година освои два златни медали на Г-1 турнири во Босна и Херцеговина и Албанија.

Милијана – Мила Релиќ од ТК Тигри (-67 кг) е на петото место.  Милија Релиќ во 2019 година беше петта на Европско клупско првенство за јуниори и освои златен медал на Г-1 турнирот во Босна и Херцеговина.

Филип Стаменов од ТК Бутел (-78 кг) е седмото место на Светската ранг листа, откако во 2019 година се закити со златен и бронзен медал на Г-1 турнирите во Албанија и во Србија.

Претседателот и селектор на Македонската таеквондо федерација (МТФ) д-р Борче Костовски смета дека македонското олимписко таеквондо има сериозно квалитетен потенцијал во неколкумина квалитетни младински репрезентативци. Тука се млдиот сениор Марко Аврамовски, јуниорката Фросина Рајковска и неколкумина други. Костовски вели дека претстојат светли денови за нас во овој олимписки спорт и дека напорната работа, следењето на светските модерни трендови во овој спорт и постојаната жртва раѓаат високи резултати.

Костовски додадва дека се надева Дејан Георгиевски, Филип Додевски и Анамарија Георгиевска ќе имаат наследници кои ќе чекорат патот на сениорскиот врв во олимпиското таеквондо.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON