Тројца му откажале борба на Шавкат Рахмонов пред да се појави Иан Гери

Шавкат Рахмонов (15-0) дефинитивно е еден од најстрашните борци во УФЦ во моментов, а фактот што допрва треба да ја освои титулата во полусредна категорија значи дека ќе му биде се потешко да најде противници. Тој претходно изјави дека голем број противници одбиле да го заменат Белал Мухамед по повредата пред УФЦ 310, а сега за Сабмишн радио ги именуваше поединечно.

„Сакав да се борам со Камару Усман, но тој не ја прифати борбата. Го понудија и Карлос Пратес, но тој е повреден. А Колби Ковингтон одби. Воодушевен сум што Иан Гари ја прифати средбата. Ќе биде голема борба“, изјави Казахстанецот.

Досега, Рахмонов го заврши секој од 15-те противници, што го прави кандидат за светска титула. Гери, пак, не го почуствувал  вкусот на поразот, иако има неколку победи со тешки одлуки.

Двајцата ќе се сретнат овој викенд на УФЦ 310, а победникот напролет ќе се соочи со Белал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО