Трикратен светски шампион му помага на Поветкин (ФОТО)

Александар Поветкин ги договори услугите на трикратен светски шампион и носител на бронза на Олимписките игри за спаринг партнер пред реваншот против Дилиен Вајт.

Тие повторно ќе се сретнат на 27 март, а Британецот ќе се обиде да се реваншира за поразот со нокаут минатото лето. Мечот беше закажан за почетокот на 2021 година, но беше одложен откако Поветкин доби коронавирус. Сепак, сега Русинот се подготвува со полна пареа за средбата, привлекувајќи го за спаринг парнет Магомедрасул Меџидов. Ова се дозна од фотографијата објавена на Инстаграм, на која двајцата тренираат во Краснодар.

Магомедрасул Меџидов е светски шампион во аматерска конкуренција во 2011, 2013 и 2017 година, а во 2011 година го победи Ентони Џошуа во финалето во супертешка категорија. Во 2012 година, Азербејџанецот освои и бронзен медал на Олимписките игри во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON