Александар Неделковски од КК Металург освои два златни медала на Меѓународниот карате турнир „Трбовље 2015“ во Словенија во малди кадети до 14 години од 8-3 кју и во апсолутна категорија во истата конкуренција. Неделковски беше пријавен како натпреварувач на КК Тигар од Скопје.
Илина Атанасоска од Ботони во У-12 до 40 кг е прва, а нејзината клупска другарка Симона Николовска е втора во +40 кг, додека Витомир Трајковски трет над 45 кг.
Христина Ристиќ –Ботони во сениорска конкуренција го освои сребрениот медал во категоријата до 50 кг. Во категоријата до 68 кг Марија Василева од Ботони е прва а Ивана Атанасова од Тигар трета.
На турнирот учествуваа 73 клуба од 13 држави во Европа со 796 натпреварувачи.
Ipon.mk/В.Д.