Хамза Јашари вчера имаше блескав настап на „Купот на Јадранот“ во Сплит, Хрватска. Џудистот на Миоки од Скопје освои три злата во три возрасни категории: млади кадети У-16 до 69 килограми, кадети У-18 (60 кг) и сениори (60 кг).
Инаку, ЏК Миоки освои 14 медали, од кои 4 златни, 6 сребрени и 4 бронзени и во севкупниот пласман е петти.
„Миоки го освои 5 место од 52 клубови во севкупен пласман за што бесе доделен пехар за успешен настап. Хамза Јашари доминираше во сите старосни групи и освои 3 златни медали (дозволено е помладите да настапат во повисоки возрасни групи). На потег е Џудо федерацијата на Македонија, да се изјасни дали Хамза Јашари, како најуспешен кадет ќе учествува на Европското првенство во Финска, што треба да се одржи за неполни 2 недели“, вели тренерот на Миоки, Игор Пасксоски.
Ipon.mk/В.Д.