Три злата и три бронзи за каратистите на Макпетрол на „Тузла опен“ (ФОТО)

Каратистите на Макпетрол освоија шест медали – 3 златни и 3 борнзени на Интернационалниот карате турнир „Тузла – опен“ во Босна и Херцеговина. Медалите се претежно во сениорска конкуренција.

Медалите го освоија Ангела Мојсовска – два – златен до 68 кг и бронза во апсолутна категорија; Глигор Петков – златен и Стефан Стојановиќ – златен; Моника Пендаровска и Марија Петровска – бронзени.

На турнирот учествуваа 888 натпреварувачи од 75 клубови и национални селекции од Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина.

„Најдобар впечаток секако дека оставија финалистите: Нашата најдобра сениорка за 2020 година Анѓела Мојсовска, која успеа да освои два медали на овој квалитетен турнир.

Таа прво се закити со златниот медал во сениорска конкуренција во категоријата -68 кг. Имаше пет победи до медалот. Подоцна, во свечениот дел од турнирот Мојсовска како победник во категорија добри право за настапи и во апсолутна категорија, каде што имаше и парични награди од страна на организаторот. Во апсолутна категорија таа го освои бронзениот медал“, вели тренерот Бошко Заборски и додава:

„Глигор Петков настапи во категоријата на -84 кг и влезе во финалето и го освои златниот медал. До златниот медал Петков успеа да победи четири спортисти, како победник во категоријата и тој доби право да учествува во апсолутна категорија, каде што имаше исто така забележителен настап. Глигор Петков е европски јуниорски вицепрвак и репрезентативец на Македонија“.

Третиот златен медал за тимот на Макпетрол го освои репрезентативецот Стефан Стојановиќ во јуниорска конкуренција во категорија +76 кг.

Бронзени медали освоија Моника Пендаровска категорија -61 кг и Марија Петровска категорија -50 кг.

Забележителен настап, иако останаа без освоен медал, имаа спортистите Роберто Ацковски, Давид Петков и Витомир Трајковски.

„Сакам да истакнам дека многу сме задоволни од постигнатиот резултат. На овој турнир заминаа осум спортисти а успеавме да освоивме 6 (шес) медали. Задоволството е поголемо бидејќи медалите се освоени во сениорска конкуренција. Овој турнир беше предвиден по планот и програмата на клубот, иако сите сме затекнати и работиме во  отежнати услови поради пандемијата. Како спортски колектив одлучивме дека  мораме да продолжиме со спортски активности и направивме уште една одлична контрола за нашите репрезентативци. На овој турнир, како што се гледа од пријавите, имаше голема масовност и многу голем квалитет, посебно во сениорска конкуренција. Учеството на  државите од регионот зборува дека сите многу сериозно се подготвуваат, прво за претстојниот турнир закажан од страна на Светската карате федерација во Истанбул на 12 март – Премиер лигата, но подготовките и контролите се и за Европското сениорско првенство кое е закажано во месец мај во Хрватска. Во изминатиот период сите спортисти имаа ограничен број на настапи и затоа мораа да дојдат, за да видат што треба да подобрат во своите техники и подготвеност. За нас е добро тоа што и Анѓела Мојсовска и Глигор Петков ќе бидат учеснци на претстојниот турнир од Светската карате лига кој ќе се одржи во Истанбул. Во Истанбул ќе испратиме шестсениори-ки од нашиот клуб“, рече Бошко Заборски, најдобриот тренер за 2020 година.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON